Search

Се бара притвор за Гури оти обвинителката се сомнева дека може да избега, фалсификува, влијае врз сведоци

Се бара притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури. Предлогот е доставен до Кривичен суд од страна на обвинителката Ивана Трајчева, која ја водеше истрагата за даночната измама против 15 лица. За синот на Гури, кој е исто така опфатен во истрагата, се бараат мерки на претпазливост.

„Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката“, велат од Обвинителството..

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетан во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна изјава, од вкупно 15 лица за кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син парите ги добиваме преку генерирање на фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време, Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ. Штетата која ја направиле на УЈП е 840.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави