Search

СДСМ: Не им се важни граѓаните, ДПМНЕ и Левица не гласаа за ниту еден закон во Собранието

ДПМНЕ и Левица се синоним за лицемерие и антинародно дејствување. 

Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во Собранието усвои низа важни закони за граѓаните. 

Со усвоените измени на законите за облигациони односи, за извршување и за финансиски друштва, ставивме крај на должничкото ропство на илјадници граѓани, кои на име на камати и таканаречени брзи кредити враќаа и до десет пати поголеми износи од главниот долг. 

Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа за ниту еден од овие закони, а не гласаа ниту за други закони што беа на дневен ред, а кои исто така носат придобивки за различни категории граѓани. 

На ДПМНЕ и Левица не им се важни граѓаните, ним им е поважно да продолжат со блокади и деструкции на штета на државата. 

Треба да знаете
Последни објави