Search

САД испраќаат воена помош од 1,3 милијарди долари за Киев

Соединетите држави денеска објавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,3 милијарди долари. Пакетот вклучува испорака на четири противвоздушни ракетни системи, противтенковски системи, артилериска муниција, опрема за деминирање и експлозивни дронови, објави Пентагон.

Најавената помош е „потврда за тековните напори на Соединетите Држави да одговорат на итните потреби на Украина со испраќање опрема важна на краток рок, развивање на постојаната способност на украинските вооружени сили да ја бранат својата територија и да се спротивстават на руската агресија“, додаде Пентагон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД за новиот пакет воена помош во вредност од 1,3 милијарди долари, истакнувајќи ја „трајната поддршка“ на Вашингтон. Таа помош „ќе овозможи да се спасат животи на Украина и да не приближи до нашата заедничка победа“, напиша Зеленски на Твитер. „Ја цениме континуираната поддршка на пријателскиот американски народ“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави