Search

Жените ќе бидат мнозинство во новата холандска влада

Кога Мариел Пол ќе положи заклетва како министер за основно и средно образование, холандската влада за првпат ќе има повеќе жени од мажи. Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји каде жените сочинуваат поголем дел од владата, пишува „НЛ Тајмс“.

„Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не потрае. Но, тоа сега не се случува“, вели Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жена“.

Од групата „Women INC“ велат дека одлуката да има повеќе женски членови во владата ќе има два ефекта.

„Пред се тие се пример за другите. Девојките и младите жени би можеле да мислат дека и тие би можеле да се занимаваат со тоа. Второ, жените како членови на владата почесто носат одлуки кои промовираат родова еднаквост“, објави оваа група.

И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените се уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика.

Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраинскиот совет, тоа тело сега има најмал број женски заменици во последните 12 години. Покраинските влади во Зеланд и Флеволанд се составени исклучиво од мажи.

Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри ширум светот се жени.

Треба да знаете
Последни објави