Search

Грција доби помош од ЕУ во гаснењето на пожарите: испратени се четири авиони, два од Италија и два од Франција

Атина ja доби бараната помош од ЕУ за гаснење на пожарите, изјави Василиос Ватракојанис, портпарол на грчката противпожарна служба.

Ватракојанис рече дека ЕУ ќе испрати четири авиони за да помогне во гаснењето на неколку големи пожари кои беснеат низ Грција веќе трет ден.

„Механизмот за цивилна заштита на ЕУ го прифати нашето барање за помош и четири авиони, два од Италија и два од Франција, ќе бидат достапни за гаснење пожари од воздух – рече Ватракојанис.

Тој додаде дека додека еден од пожарите во Саронида се чини дека е речиси изгаснат, друг избувнал во Лутраки и дека сите сили на Цивилната територијална одбрана помагаат да се изгасне.

Според него, најголемиот шумски пожар е во Дервенорија, северозападно од Атина, каде што во гаснењето се вклучени најголем број копнени и воздушни ресурси.

Пожарот го гаснат 250 пожарникари со осум пешачки патроли и 75 возила. Исто така, во гаснењето учествуваат 11 авиони и девет хеликоптери, од кои еден е во функција на координатор.

Поради пожарот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис одлучи да се врати од ЕУ – Заедницата на Латинска Америка и од самитот на Карибите порано од планираното, изјави за новинарите владин извор.

Треба да знаете
Последни објави