Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски излажа!? тврдеше дека во Македонија не се користи шпионски софтвер Предатор,  грчките медиуми го демантираат

Грчки медиуми тврдат дека македонската ОТА незаконски го поседува и користи контроверзниот софтвер за следење на интернет активности Предатор. Овој софтвер, кој има капацитет да ги следи сите интернет активности на сите граѓани во Македонија, е веќе подолго време  во фокусот на јавноста во регионот и пошироко, па дури и НАТО го смета за проблематичен.

Избија и скандали со прислушување на опозициски политичари токму со овој софтвер, па логично се поставува прашањето дали истиот софтвер бил користен од ОТА, Владата или било кој друг да следи граѓани.

Да биде скандалот поголем на пратенички прашања Димитар Ковачевски одговорил дека шпионскиот софтвер Предатор не е користен во Македонија. Од друга страна грчките медиуми кажуваат нешто друго, а Владата, МВР и ОТА упорно молчат и ја прикриваат темата.

Тоа може да значи дека Ковачевски излажал и дека може контроверзниот софтвер се злоупотребува за прислушкување и следење на граѓаните во Македонија.

ОЈО молчи како мачка да им го прегризала јазикот. Ова се сериозни индиции кои треба да се проверат и истражат, бидејќи се работи за потенцијално кршење на човекови права на граѓаните.

Имајќи ја предвид можноста на овој софтвер буквално сите граѓани може да бидат жртви и нивната приватност да биде нарушена. За оваа афера мора да има одговори, бидејќи после промената на власта сето тоа ќе се провери и открие, а во случај да имало злоупотреби тогаш ќе има одговорност и за тие кои злоупотребувале, но и за тие кои тоа го прикривале и штителе.

Треба да знаете
Последни објави