Search

За Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Владата денеска го задолжи Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и информации за локалитетот Иловица, наназад од 2012 година, па се до денеска, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој на денешната прес-коференција во Владата по потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор, одговарајќи на новинарско прашање појасни дека министерството ќе информира за се што е поврзано со експлоатација на минерални суровини, руди на бакар и злато.

-Се што е поврзано со експлоатацијата на минералните суровини, руди на бакар и злато на локалитетот Иловица штом Министерството реферира со сите податоци, велам уште еднаш управни и судски постапки кои се водени, тие веднаш ќе се споделат, не само со владата туку и понатаму со медиуимте и граѓаните, истакна Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави