Search

ВМРО-ДПМНЕ по средбата со министрите за Европа: Уставни промени во околности на политички диктат не се прифатливи

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија, денес оствари средба со висока делегација предводена од министрите за Европа на Сојузна Република Германија, Република Франција и Република Полска.

На средбата беше дискутирана актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.

Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности.

Претставниците подвлекоа дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи. Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, велат од опозициската партија.

„Опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи. Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка“м, се истакнува од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Гостите, според соопштението биле информирани и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот но високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за како што велат, катострофалните политики во секој сектор во државата.

Треба да знаете
Последни објави