Search

(Видео) Жена од Парк брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет

„Мој е летниковецот, го резервирав“. Жена брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет. Вистинска непријатност денеска доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет.

Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.

Со висок тон им дава на знаење дека нејзиното дете тука ќе славело роденден и дека летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, наводно ѝ бил резервиран.

– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?

– Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир.

– Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се’.

Вака тече комуникацијата меѓу репортерката на Алфа и госпоѓата која ја избрка ТВ екипата.

Видеото се прошири масовно. Однесувањето на жената веќе го осудија и повеќе јавни личности.

Треба да знаете
Последни објави