Search

Принцезата Шарлот за првпат на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз го играат последниот меч на Вимблдон.

Нив од трибините ги бодрат бројни јавни личности, но и британското кралско семејство.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на натпреварот дојдоа со своите две поголеми деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, додека малиот Луис остана дома.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа насмеани додека се упатија кон боксот за да уживаат во машкото финале на Вимблдон.

Ова појавување го означува дебито на принцезата Шарлот на Вимблдон. Принцот Џорџ за првпат присуствуваше на тенискиот турнир во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави