Search

Интер Мајами го промовираше Меси

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Аргентинецот Лионел Меси почнува нова етапа во својата богата ни трофејна кариера со преселбата во неатрактивната американска лига каде ќе го носи дресот на Интер Мајами.

Аргентинецот вечерва и официјално е потврден како нов играч на Интер Мајами, откако МЛС клубот го објави првото промотивно видео, во кое е вклучен и Меси во својот нов дрес.

Иако немаше никакви дилеми, со истото видео е потврдено и дека Меси ќе биде нова „десетка“ на Интер Мајами, каде ќе настапува заедно со Серхио Бускетс и Жорди Алба, кои му беа соиграчи и во Барселона.

Клубот потврди дека Меси ќе биде во комбинација за средбата против Круз Азул на 21. јули, а Аргентинецот потпишал договор за до крајот на сезоната во 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави