Search

Во Будимпешта протестираа 10 илјади луѓе на Парадата на гордоста

Илјадници луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Будимпешта, протестирајќи против рестриктивните мерки на унгарската влада против членовите на ЛГБТ заедницата.

Владата на премиерот Виктор Орбан промовира христијанско-конзервативна агенда и во 2021 година го забрани прикажувањето и промовирањето на хомосексуалноста кај помладите од 18 години и покрај силните критики од групите за човекови права и Европската унија, пренесува Слободна Европа.

„Нашето основно чувство во моментов е да ја задржиме заедницата заедно и да обезбедиме простор за сите да живеат онакви какви што се и да бидат меѓу врсниците кои ги поддржуваат, без оглед на (политичката) ситуација во која се наоѓаме сите“, рече портпаролот на Парадата, Март Мате Хидвеги.

Тој додаде дека од усвојувањето на контроверзниот закон, бројот на луѓе кои учествувале на Парадата на гордоста е речиси двојно зголемен.

Учесниците вееја знамиња со виножито и танцуваа додека шетаа низ центарот на унгарската престолнина.

Ниту организаторите, ниту полицијата не го соопштија бројот на учесници, иако проценките велат дека имало околу десет илјади.

Исто така оваа недела, вториот по големина продавач на книги во Унгарија доби рекордна казна за продажба на книга која прикажува хомосексуалност без затворена корица.

Вчера, амбасадите на Соединетите Американски Држави, Германија и 36 други земји ја повикаа Унгарија да ги заштити правата на ЛГБТ и да ги укине дискриминаторските закони.

На денешниот марш учествуваа и американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман и многу други дипломати.

Треба да знаете
Последни објави