Search

(Видео) Директен судар при брзина од 250 км/ч во трка од во Формула Е

Страшни сцени беа видени во Рим на трката во Формула Е кога дури шест болиди се судрија со брзина од речиси 250 километри на час. Лидерот во трката во еден момент изгуби контрола врз возилото и предизвика хаос на патеката.

Вистинско чудо е како во овој страшен инцидент никој не е сериозно повреден. Трката беше прекината 45 минути, поради чистење на патеката.

Возачот кој изгубил контрола над возилото е Сем Бирд, неговото возило застана во дел од патеката после свиокот каде што другите не можеле да го видат. Следуваше серија судири и дури шест болиди, но само еден и тоа со брзина од 25о километри на час удри директно во него, останатите во обид да го избегнат ги оштетија своите болиди.

На крајот, од 21 возило што ја започна трката, дури седум се откажаа.

Треба да знаете
Последни објави