Search

Русија и Белорусија нема да бидат поканети на Олимписките игри во Париз 2024

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на 26 овој месец, точно една година пред планираното отворање на Олимписките игри во Париз, ќе испрати покани на адресите на 203 национални олимписки одбори, но меѓу нив нема да бидат рускиот и белорускиот.

Во соопштението на МОК се наведува дека настапот на руските и белоруските спортисти на Игрите 2024 сè уште е „на чекање“, но сега е јасно дека двете земји идното лето нема да имаат свои претставници во екипните спортови.

МОК претходно во март годинава објави дека одлуката за евентуално учество на спортистите од Русија и Белорусија на Игрите во Париз, под неутрални обележја, ќе биде донесена во „догледно време‘.

Покрај Русија и Белорусија, третата држава која нема да биде поканета да учествува на Олимписките игри 2024 е Гватемала, која од есента 2022 година е под суспензија од МОК поради политичко мешање во работата на националниот олимписки комитет.

Треба да знаете
Последни објави