Search

Отворен Кабинет на министерот Спасовски на 20 јули во СВР Битола

По СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, Камп за обука Лазарополе, како и Центарот за обука во Идризово, ОТВОРЕНИОТ КАБИНЕТ на министерот Оливер Спасовски, проект на МВР кој со неделна динамика започна со реализација на почетокот на овој месец, на 20 јули, во четврток, ќе биде позициониран во СВР Битола.

Граѓаните од подрачјето на СВР Битола, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на СВР Битола да ги презентираат своите идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, да упатат прашање до министерот, да го претстават својот предлог за подобрување на работењето на полицијата, да бидат дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста, која нѐ засега сите нас.

Почитувани граѓани,

Ве очекуваме во текот на оваа недела, на телефонскиот број 072 33 31 85 или на електронската адреса MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажете термин за средба со министерот Спасовски, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да биде земено предвид.

Во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ”, преку Отворениот Кабинет да покажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните, а мислењето на секој граѓанин има посебна вредност.

Треба да знаете
Последни објави