Search

Запалена цистерна на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот во прекин

Запалена цистерна на патот Струмица-Радовиш, поради што сообраќајот е во прекин. Во моментов екипи на АМСМ се на терен за да го отстранат возилото.

Инцидентот се случил утрово во 09:45 часот, соопштија од АМСМ.

Нема детали за причините за пожарот, ниту дали има повредени.

Треба да знаете
Последни објави