Search

ВМРО-ДПМНЕ: ПОЛА-РОБИН-ХУД влада,се повеќе зема од успешните и дисциплинираните плаќачи на даноци, но место за сиромашните парите ги троши за себе

Неспособната власта на ДУИ и СДС ги троши народните пари и ништо не прави за народот. Напротив после потрошени скоро 30 милијарди евра овие години власт ДУИ и СДС ефектите се потоната еконимија и осиромашен народ. 
Сега оваа расипничка власт се намерачила да зема уште пари од стопанството и граѓаните. За таа цел ќе воведува нови даноци и ќе ги зголемува постоечките за да го финансира своето раскалашено владеење како досега без проекти за граѓаните. Со новите даноци власта ќе ги финнсира своите криминали и личното богатење на функционерите.
Владата ќе воведува повисоки стапки на ДДВ на прехрамбени производи чија конечна листа никој не ја знае, зголемена даночна стапка за електричната енергија, зголемен данокот за пелети за огрев, се со цел да го полни буџетот повторно на сметка на граѓаните. 
Со данокот на добивка се уништува спортот со укинувањето на спортските ваучери. Најпосле со воведувањето на “солидарниот данок” повторно ќе бидат казнувани оние кои се успешни и плаќаат данок. Затоа саркастично веќе го нарекуваат ПОЛА-РОБИН-ХУД закон, со кој власта ќе зема од успешните компании повисоки даноци, но реално тука ќе застане бидејќи како до сега парите ќе одат на бифтеци, ф`стаци, луксузни возила, местени тендери и криминални јавни набавки. 
Наместо да се бори против сивата економија, против неплаќачите на данок, против криминалот, против оние кои не ја почитуваат државата, власта удира со повисоки даноци на оние кои и сега редовно го полнат буџетот. Со други зборови ги казнуваат дисциплинираните и успешните, па после се чудат зошто економијата тоне, а бизнисите се селат.

Треба да знаете
Последни објави