Search

Спасовски присуствуваше на одбележување на Денот на државноста на Црна Гора

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

„Вечерва, во Старата скопска чаршија присуствував на прием по повод Денот на државноста на Црна Гора на покана на амбасадорката на Црна Гора, Н.Е. Марија Петровиќ, каде што беше изведен мултимедијалниот проект „Вечер на мултикултурноста на Црна Гора”, како дел од програмата на Фестивалот „Скопско лето”.

Со здружени сили чекориме на патот кон интеграција во ЕУ и остануваме цврсто посветени на заложбите за унапредување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата, илегалната миграција и сајбер заканите, како и за подобрување на севкупната безбедност во регионот.

Честит да е Денот на државноста на Црна Гора!

Треба да знаете
Последни објави