Отворен Центар за справување и третман на обезност на Клиниката за ендокринологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за ендокринологија по повод отворањето на Центар  за справување и третман на обезност, односно дебелина.

-Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, посочи министерот Меџити при посетата на клиниката.

Тој  изрази благодарност до компанијата Ново Нордиск за оваа значајна поддршка.

На Клиниката има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.

Треба да знаете
Последни објави