Search

Министерска тројка од Франција, Германија и Полска доаѓаат следната недела во Скопје

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата 24 анализа во однос на посетата на министрите за надворешни работи од трите земји истакна дека се пораката на Шаленберг треба сериозно да се сфати и дека следната недела ќе дојде уште една тројка министри за Европа, од Франција, Германија и Полска.

– Да оставиме тие сами да го најават нивното доаѓање. Мислам дека францускиот дипломат е најважниот дипломат. Франција треба да биде толкувач на овие одредби. Очекувам ако утре било што од ова што го кажувам, ќе ја повикам Франција да Ќе ни се случи сценариото со името и ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни измени, тогаш ЕУ ќе рече прво да ги решиме односите со Бугарија и да продолжиме. Тоа значи целосно билатеризирање на процесот и дека со Бугарија треба се да решиме. Шансата ни е преку уставни измени веднаш да влеземе во машината, протоколите не се дел од патоказите. Затоа Шаленберг вели ова е последната сериозна билатерална пречка. Бугарија постојано ќе зборува, ќе реагира, но аргумент за да блокира веќе нема. Треба да се повика на нешто. Бугарија постојано може да покренува прашања, а да ги убеди останатите 26 членки, треба да има основ во документите, но ветото нема да е одржливо. Бугарија може да најде било која причина да спречи, да се повика на право, корупција, екологија. Важно е да сфатиме дека ова е последната пречка која неповратно не внесува во процесот на членство во ЕУ. И Преспанскиот договор беше услов за почеток на преговорите за членство.  – рече Османи.

Треба да знаете
Последни објави