Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на „Трансатлантската лидерска мрежа“ денеска во Вашингтон ќе се обрати на Конференцијата на тема: „Западен Балкан – Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“.
Како што соопшти СЕП, во пресрет на почетокот на конференцијата беше организиран прием, каде Маричиќ имаше поздравен говор пред учесниците и домаќините на настанот, во кој изрази задоволство и чест за поканата и ги поздрави ваквите иницијативи кои ја зајакнуваат довербата и регионалната поврзаност, како и трансатлантските односи, врз кои ги градиме безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%812qLlx/3lqkiTpDe/large.webp?use_watermark=0)
Соговорници на панелот на кој учествува вицепремиерот Маричиќ ќе бидат и албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, министерката за европски интеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, Дејвид де Фалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија при американското Министерство за трговија, Јасмин Махмузиќ, директор на Агенција за банкарство на Босна и Херцеговина и Валбона Зенели од Европскиот центар за студии за безбедност, Центарот Џорџ Маршал.
На конференцијата организирана од страна на Трансатлантската лидерска мрежа, а во соработка со Центарот за Европа на Атлантскиот совет, ќе се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој ќе говори на панелот посветен на енергетиката и енергетската независност.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%81A3q74/F9iVxjIpp/large.webp?use_watermark=0)
Вицепремиерот Маричиќ работната посета на Соединетите Американски Држави ја завршува утре, на билатерална средба со специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-азија, Габриел Ескобар.