Search

Жабер со пресврт избори пласман во финалето на Вимблдон

Во првиот денешен полуфинален меч пласман во финалето на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон во женска конкуренција избори Маркета Вондроушова од Чешка, совладувајќи ја Елина Свитолина од Украина со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3). Во вториот полуфинален меч Онс Жабер од Тунис избори настап во финалето, кое ќе се одигра в сабота со почеток од 15 часот.

Жабер го загуби првиот сет од Белорусинката Арина Сабаленка во тајбрејк (6:7), но ги доби следните два со 6:4 и 6:3 и се пласира во финалето. Жабер ќе игра за петтата титула во кариерата и прв слем, а ова и е трето гренд-слем финале.

Утре се играат двата полуфинални меча во машка конкуренција, Синер – Ѓоковиќ и Алкараз – Медведев.

Треба да знаете
Последни објави