Вучиќ: И против мене беа воведени санкции во 1999 година, не ми беше гајле

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги санкциите што ги воведоа САД против Александар Вулин потсети дека и против него биле воведени санкции, но дека не му било гајле.

„Против мене беа воведени санкции и во 1998-1999 година, не ми беше гајле, да ви кажам право“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите за изградба на коридорот Дунав.

Претседателот на Србија рече и дека неговата политика нема да ја водат Американци, Руси или кој било друг.

„Политиката што ја водам мора да биде добра за Србија и за српскиот народ“, рече тој.

Вучиќ истакна и дека во четврток ќе одговори подетално на темата Вулин, оценувајќи дека санкциите не се поради криминал, туку поради односот на Вулин кон Руската Федерација.

„Не забележав дека е пронајден кокаин во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави