Search

Снопче: ВМРО не може да се амнестира од криминалите на ДУИ, ВМРО и ДУИ заедно ги избраа обвинителите и судиите кои ги чуваат предметите на Мерко во фиоки

Ги имаме свежи, од бомбите, разбирливо затоа што со свои уши ги слушнавме, како ВМРО заедно со ДУИ, тоа е ДУИ заедно со ВМРО, за што господинот Стојановски ја обвинува ДУИ, ги избраа обвинителите и судиите. Знаеме како се избрани и токму тие обвинители и судии се сеуште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко во врска со корупцијата, за која господинот Стојановски го обвинува Рамиз Мерко дека Америка го ставила на црна листа, додека ние наводно не знаеме и бара одговорност. Се согласувам со заклучокот, но ВМРО заедно со ДУИ ги избра оние обвинители кои ги чуваат предметите во фиоки и сите се чудиме како Америка може да знае дека господинот Рамиз Мерко бил корумпиран додека ние не знаеме. Да биде иронијата уште поголема, премиерот Ковачевски во изјава е изненаден што ние внатре не знаеме дека Рамиз Мерко е корумпиран, додека Америка знае.

Треба да знаете
Последни објави