Search

Осум деца се затруле со хлор во Требиње: Сите примени во болница, едно дете на интензивна нега

Осум деца се примени во болницата во Требиње, Босна и Херцеговина, поради знаци на труење со хлор.

Според информациите, сите деца престојувале во туристичкиот комплекс „Град сунца“, јавува АТВ.

Седум деца се хоспитализирани на Одделот за педијатрија, а едно е сместено на интензивна нега. Нивната состојба е стабилна.

„Сите имаат знаци на труење со инхалационен агенс. Со оглед на брзината на развој на клиничката слика и симптомите, едно е на Интензивна“, изјави Љиљана Буха, началник на Одделот за педијатрија во болницата во Требиње.

Симптомите кои ги покажале биле кашлање, намален кислород и нарушена свест.

Треба да знаете
Последни објави