Search

Невреме во Загреб проследено со громови и силен ветер, паднати дрвја на улиците

Невреме проследено со гром утрово го зафати Загреб. Дувал силен ветер, а небото било целосно облачно. На места врнело и дожд. Во Сопот, на раскрсницата Ерличова и Ковачевиќева, дрво паднало на коловозот.

Поради падот на дрвото, пренасочени се некои линии во сообраќајот.

Ветерот корнел дрвја и во Карловац.

„Силниот ветер утрово корнеше дрвја и кршеше гранки во Карловац и за кратко време, за само неколку минути, направи голема штета во градот, особено во одредени реони. Работниците веќе се на терен и го отстрануваат паднати дрвја и гранки“, соопштија од градот.

Треба да знаете
Последни објави