Search

Масакр во Судан: гранатиран пазар, десетици жртви, не се знае кој го извршил нападот

Најмалку 34 лица, меѓу кои и деца, загинаа во случајно гранатирање на пазар во суданскиот град Омдурман, соопштија државните здравствени власти.

Засега не се знае кој го извршил нападот, пишува „Би-Би-Си“.

Најмалку 45 луѓе беа убиени во напад во истиот град во саботата на 8 јули.

Судирите меѓу суданската армија и паравоените сили траат веќе три месеци, а досега се убиени повеќе од 3.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави