Документарец за „супермоделите“ кои ги одбележаа деведесеттите

Како го дефинирате зборот „супермодел“? Терминот го најде своето крајно олицетворение во 1990тите со метеорскиот и симултани успех на четири модели – Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон. Тие се стекнаа со невидена слава. Ги имаше на сите значајни модни ревии, на насловни страници, во спотови. Беа главни актери на џет-сет настаните.

Сега, Apple TV+ станува хроничар на кариерите со супермоделите, подготвувајќи документарец од четири дела, кој треба да биде објавен на 20 септември. Серијата ја следи кариерата на секој модел од 1980-тите до денес со ексклузивен пристап и интервјуа.

Иако секоја од супермоделите имаше индивидуална кариера, сепак се појавија како група на пистите во светот и во списанија меѓу кои и на насловната страница на Вог во јануари 1990 година, фотографирани од Питер Линдберг.

Треба да знаете
Последни објави