Search

Вучиќ за американските санкции против Вулин: Кокаин е пронајден во Белата куќа, а не кај Вулин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, првпат зборуваше за воведените американски санкции против Александар Вулин и рече дека тоа не е направено поради некаков криминал, туку поради односот на Вулин кон Русија.

„Утре ќе зборувам детално за Вулин, но колку што можам да видам, кокаинот не е пронајден кај Вулин во кабинетот туку во Белата куќа. Мислам дека е исклучително важно да се спроведе истрага бидејќи се работи за општ член што тие го користат за да напишат нешто. Заборавивте да ја спомнете Русија. Против Вулин „санкциите не се воведени поради криминал, туку поради неговиот однос со Русија. Но за тоа детално ќе зборувам утре“, рече Вучиќ.

Шефот на српската разузнавачка агенција БИА и близок соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Александар Вулин се најде под американски санкции.

Имено, САД го обвинуваат за вмешаност во организиран криминал и трговија со наркотици, дека злоупотребувајќи ја својата јавна функција му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ за неговите илегални пратки оружје да можат слободно да се движат низ границите на Србија и дека на Русија и обезбедил „платформа за натамошно, малигно влијание врз регионот“.

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД објави дека вовела санкции за државјанин на Србија во согласност со Извршниот налог (Е.О.) 14033. Според соопштението, Александар Вулин е вклучен во транснационален организиран криминал, илегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција. Се додава дека Вулин одржувал „взаемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ“.

Вучиќ го спомна кокаинот во Белата куќа во коментарите за американските санкции против Вулин. Тој всушност мислеше на неодамнешниот настан кога Белата куќа беше накратко евакуирана поради непозната супстанција.

Официјалните анализи покажаа дека токму кокаинот бил пронајден во западното крило на Белата куќа. Ројтерс објави, цитирајќи неименуван извор, дека кокаинот бил пронајден во дупка во влезот на западното крило каде посетителите оставаат електронски уреди и други предмети пред да одат на обиколки.

Треба да знаете
Последни објави