Search

Пожар во битолскиот затвор, притворениците евакуирани во други затвори

Доцна попладнево опожарена е келија во притворското одделение во затворот во Битола. Според првичните информации нема повредени. Иако е непознато како настанал пожарот сомнежите се дека тоа го сториле притворениците кои биле сместени таму. Превентивно исклучена е струјата, а затворениците се разместуваат во други казнено поправни установи во кои има притворски одделенија.

Притворското одделние во Битола е реновирано и има централен систем за вентилација. Повеќе информации за настанот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави