Search

Македонските кошаркарски надежи ја растурија Бугарија на ЕП во Скопје

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Бугарија со 83-54 во рамки на групата А. 

Бугарија, која забележа три победи во воведните три натпревари, беше во предност по првата четвртина со 18-15, по што македонските кошаркари целосно доминираа на паркетот во СРЦ Кале и веќе на полувреме заминаа со предност од 40-33.

Сите дилеми околу победникот беа решени во третата четвртина по која црвено – жолтите стекнаа недостижна предност од 64-45 и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај. 

Најефикасен во македонските редови беше Теодор Симиќ со 21 поени. 

Во завршното четврто коло во рамки на групата А, македонските кошаркари утре со почеток од 18:30 часот ќе играат против Република Ирска и со победа ќе го заверат пласманот во четвртфиналето.

Треба да знаете
Последни објави