Search

Земјотрес го погоди Крагуевац, претходно земјата се тресеше и во БиХ

Според Републичкиот сеизмолошки завод на Србија земјотресот се случил на територијата на Крагуевац,  а бил почувствуван и во околните градови Јагодина, Парачин и Краљево.

Според веб-страницата, ова е втор земјотрес со јачина од 3,5 степени што е почувствуван во Крагуевац околу 19 часот и 25 минути, првиот бил со јачина од 3,8 степени и бил почувствуван денеска во 17 часот и 25 минути.

Крагуевац деновиве го погодија неколку земјотреси. Пред два дена, на 9 јули, беше регистриран земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, како и на 6 јули кога земјотресот беше со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Инаку земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Треба да знаете
Последни објави