Search

Почнаа да фрчат откази во ЈП Комунална хигиена

Клопчето со блокадата и неработењето на ЈП Комунална хигиена почна да се отплеткува со откази на оние кои го блокираа претпријатието и три дена не се собираше сметот во Скопје. Листа со 27 имиња на отпуштени работници на огласната табла ги пречекала вечерва работниците во трета смена на Комунална хигиена. Меѓу отпуштените се нашле вработените кои учествуваа во блокадите пред претпријатието.

Од списокот може да се забележи дека отпуштени се вработени од различни работни позиции, од метач до главен на блок. Меѓу нив има и долгогодишни работници во ЈП Комунална хигиена. Отпуштените не добиле отказни решенија со причините поради кои треба да си заминат од работните места, туку биле известени само на огласна табла.

Треба да знаете
Последни објави