Search

Мнозинство од анкетирани граѓани сметаат дека државата се движи во погрешен правец

Останува мнозинство од граѓани во Македонија, 56 отсто од анкетираните 1.204 испитаници, според најновото сондирање на јавното мислење од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) дека земјата се движи во погрешна насока. Сепак овој процент е подобр во однос на истражувањето од октомври мината година, кога изнесувал 58 отсто.

Анкетата на ИРИ е спроведена од 8 април до 4 мај годинава, а според неа расте поддршката за влез на Македонија во ЕУ, близу 80% од граѓаните сметаат дека земјава треба да стане дел од европското семејство, но најголем број од нив сметаат дека тоа ќе се случи за повеќе од 10 години. Паралелно со растот на поддршката за ЕУ, се зголемува и бројот на граѓани кои се против уставните измени. Дури 64% се протв внесувањето на Бугарите во Уставот, што е за 9% проценти повеќе од анкетата во октомври минатата година.    

Судиите и обвинителите се на дното на листата институции со доверба, со рејтинг од само 1%. Близу 40% од граѓаните сметата дека законите не важат поеднакво за сите.

Оваа анкета покажува дека главен проблем за граѓаните, 25 отсто се сиромаштијата и нискиот животен стандард. Следат високите цени со 24 проценти, па економската ситуација за која 23 отсто од испитаниците рекле дека е сериозен проблем. Петта на листата е невработеноста со 18 проценти… Потоа, како најголеми проблеми следат корупцијата, криминалот, општата политичка ситуација…

Дури 58 отсто од испитаниците ситуацијата во своето домаќинство ја потенцирале како лоша. 64 проценти одговориле дека месечните примања не им се доволни за покривање на основните трошоци. 55 проценти од граѓаните одговориле дека квалитетот на животот им е добар, а 45 проценти го кажале спротивното. 48 отсто сметаат дека во наредните две години ситуацијата во земјата ќе се влоши. Лани во октоври тој процент бил 56 проценти.

78 отсто од испитаниците сметаат дека актуелните владини претставници не работат во согласност со законите. Нешто подобро стои опозицијата – 69 проценти од граѓаните не мислат дека и тие би го почитувале законот ако бидат избрани за одредена функција.

Најдобар министер, според истражувањето е Оливер Спасовски. Потоа следи премиерот Димитар Ковачевски, па Бујар Османи, па Артан Груби. Груби е на врвот на листата кога граѓаните се прашани „кој министер не работи како што треба“.

Кога станува збор за политичарите, претседателот Пендаровски ужува најпозитивно мислење кај граѓаните – така се произнеле 38 проценти од испитаници. Втор е, на големо изнендување, Никола Груевски, па потоа следи актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па премиерот Димитар Ковачесвки, следува лидерот на Левица Апасиев. За Зоран Заев позитивен став имаат 20 отсот од испитаниците, а за Али Ахмети 16 отсто.

На прашањето „Ако наредната недела се одржат изборите за која партија би гласале“, 19 отсто одговориле „за“ опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 11 проценти „за“ владејачкиот СДСМ, 8 за ДУИ, 5 отсто за Алијанса за Албанците, 4 за БЕСА, 4 за Левица.

79 проценти од граѓаните кои учествувале во анкетата се за членство во ЕУ, што е подобрување од лани кога позитивно се изјасниле 73 отсто.

Треба да знаете
Последни објави