Search

Анкета на ИРИ: Повеќе од половина скопјани незадоволни од градоначалничката Арсовска, бараат нов градоначалник

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажа огромно незадоволство на скопјани од работата на градоначалничката Данела Арсовска.

На прашањето колку скопјани се задолни/незадоволни од работата на скопската градоначалничката Арсовска, 50% одговориле дека не се задоволни, а само 18% одговориле дека се задоволни.

Во истата анеката е поставено и прашањето дала градоначалничката Арсовска добро си ја врши работата или треба да се избере нов градоначалник, на кое 53% од испитаниците одговориле дека Арсовска не си ја врши добро работата и треба да биде избран друг кандидат. Наспроти овој процент, 29% сметаат дека таа добро си ја врши работа и не треба да биде сменета.

Анкета на ИРИ е направена во периодот од 8 април до 4 мај годинава.

Треба да знаете
Последни објави