Search

Се урна зграда при невреме во Бразил, загинаа 14 лица

Четиринаесет лица загинаа при уривање на станбена зграда во североисточниот дел на Бразил, соопштија претставници на цивилната одбрана.

Зградата се урна во петокот, околу 6:35 часот во населбата Јанга, на периферијата на Ресифе, главниот град на североисточната држава Пернамбуко, објави Ројтерс.

Станбената зграда се урна при обилните дождови кои го зафатија регионот додека многу луѓе сè уште спиеја.

Според соопштението на цивилната заштита, три лица успеале да го преживеат колапсот, чија причина се уште е нејасна.

Гувернерката на Пернамбуко Ракел Лира изрази сочувство на Твитер, ветувајќи дека владата ќе направи напори да им помогне на семејствата на кои им е потребна помош.

Гувернерот првично предупреди дека се очекуваат повеќе врнежи во текот на денот и препорача локалните жители да обезбедат пристап до безбедни објекти.

Треба да знаете
Последни објави