Search

Бајден патува во Европа, ќе ги посети Британија, Литванија и Финска

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска патува во Европа, каде ќе ги посети Велика Британија, Литванија и Финска.

Тој вечер ќе пристигне во Лондон, а утре ќе се сретне со кралот Чарлс Трети за прв пат откако беше крунисан. Како што е најавено, Бајден на 11 и 12 јули ќе учествува на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

Последната негова станица е Хелсинки, каде се очекува во четврток да го прослави проширувањето на Алијансата со Финска како најнова членка на НАТО.

Неговиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан рече дека патувањето „ќе го покаже претседателското водство на светската сцена“. 

Треба да знаете
Последни објави