Малолетник починал на базен

Малолетник од скопско на 15 годишна возраст починал додека бил на базен. Обидот да му се помогне откако му се слошило по префрлањето во болница на здравствените работници бил бесуспешен.

„На 08.07.2023 во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош, а по извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција„ се вели во полицискиот извештај за немилиот настан.

Треба да знаете
Последни објави