Search

„Наше чедо, секогаш ќе бидеш со нас“: емотивно збогување на таткото на убиената тиктокерка Ноа

Ноа Миливојев (18), по која се трагаше 20 дена, е пронајдена мртва во четвртокот попладне во стан во центарот на Белград. Нејзините родители со емотивна порака на социјалните мрежи се простија од убиената ќерка.

„Наше чедо, секогаш ќе бидеш со нас“, напиша таткото вознемирен од болка.

Тој на својот Фејсбук профил објави црна фотографија под која пријателите на семејството оставаат коментари на сочувство.

По убиената девојка се трагаше повеќе од две недели. Ноа Миливојев исчезна во Белград на 17 јуни, а нејзиното семејство ја пријави како исчезнато и објави апел на социјалните мрежи и во медиумите бидејќи долго време не можеле да ја добијат на телефон.

Семејството повеќепати апелираше до граѓаните да пријават доколку имаат информации за Ноа.

Кобниот ден отишла да се види со своето момче, по што и се губи секаква трага.  Д.О.(33)  е уапсен поради сомнение дека сторил грозоморно дело.

Осомничениот е обвинет дека по убиството се обидел да го уништи телото на млада девојка.

Треба да знаете
Последни објави