Search

Шпанската министерка за труд Дијаз предложи да им се дадат 20.000 евра на младите за учење, обука или отворање фирма

Министерката за труд на Шпанија, Јоланда Дијаз предложи шема за справување со социјалната нееднаквост која подразбира давање 20.000 евра на секој млад човек во земјата, кои, кога ќе наполни 18 години, ќе може да ги потроши за учење, обука или отворање фирма.

Според платформата на министерката, која ја објави стратегијата пред вонредните општи избори во Шпанија, што ќе се одржат на 23 јули, иницијативата би чинела 10 милијарди евра, кои би се собрале со оданочување на богатите.

Како што се наведува, целта е да се гарантираат еднакви можности за сите, без оглед на семејното потекло или заработувачката.

Треба да знаете
Последни објави