Search

„Слушнав вресок, па звуци на удирање“ Хаос на лет од Љубљана, патничка нападна постара жена, авионот евакуиран

Летот на релација Љубљана – Лондон на компанијата Easyjet е откажан кога една од патниците нападналa друга патничка која седела до неа и персоналот на летот.

Потоа, авионот се вратил на терминалот, каде полицијата ја привела патничката, а сите други биле извадени од леталото за да бидат прегледани од медицински персонал, додека авионот полетал кон Лондон празен, пренесува 24UR.

Полициската управа Крањ потврди дека аеродромските полицајци биле известени за нарушување на јавниот ред и мир во еден од авионите во средата околу 11:40 часот.

Еден од патниците во авионот изјавил дека до инцидентот дошло кога патничка се наведнала над друга постара патничка и ја замолила да ги извади слушалките од ушите и да го подеси телефонот за лет.

„Прво слушнав крик, а по неколку моменти и звуци на удари. Во расправијата потоа се вмешала стјуардесата која се обидувала да ја смири патничката, велејќи и дека не трпи насилство. Насилната жена наводно ја зграпчила со ноктите и неа и ја  загризала. Друга стјуардеса потоа ги прашала патниците дали некој може да помогне да се смири насилничката жена“, изјавила патничката и додала дека на персоналот му помогнале пет мажи.

После тоа пилотот наводно ги известил дека авионот нема да полета и дека работата ќе ја реши полицијата.

Очевидецот рекол и дека помладата Словенка била раздразлива и вербално навредувала уште пред да влезе во авионот.

На патниците во авионот им е обезбедено хотелско сместување и втор лет во четврток попладне.

Треба да знаете
Последни објави