Search

Се огласи Кремљ по тврдењето на Лукашенко дека шефот на „Вагнер“ е во Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Кремљ не ги следи движењата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Пригожин не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург.

Тој рече дека Пригожин е апсолутно слободен и дека не е во никаква опасност и дека е сигурен оти Владимир Путин нема да го убие шефот на „Вагнер“.

„Не, ние не го следиме неговото движење. Немаме можност и желба да го сториме тоа“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали Москва го следи Пригожин.

Тој истакна дека сè уште важи сè што е договорено по настанот на 24 јуни кога се случи прогонот на Пригожин и нема што повеќе да се додаде на оваа тема.

Треба да знаете
Последни објави