Search

Објавени снимки од рацијата на имотите на Пригожин: кутии полни со пари, складиште за оружје, колекција перики

Руската државна телевизија остро го критикуваше Евгениј Пригожин, водач на платеничката група Вагнер, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води.

Пригожин ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде Русија ја координира својата војна во Украина и испрати колона борци кон Москва пред да се откаже по склучувањето договор со Кремљ.

Неговиот бунт претставува најголема закана за претседателот Владимир Путин откако рускиот лидер дојде на власт пред повеќе од две децении.

Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин, чија цел беше да ги смени министерот за одбрана и началникот на Генералштабот поради, како што рече, нивното некомпетентно водење на војната, требаше да се пресели во соседна Белорусија. Во замена, кривичната пријава против него требало да биде отфрлена.

Но, програмата наречена „60 минути“ емитувана во средата навечер на државниот ТВ канал Росија-1 го покажа она што беше наведено како ексклузивна снимка направена за време на полициските рации во канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург и еден од неговите имоти во тој град.
Водителот на програмата, Евгениј Попов, го нарече Пригожин „предавник“, а видеото го презентираше специјално поканет гостин – новинарот Едуард Петров – како доказ за криминалното минато на Пригожин и лицемерието во прозивките за корупција во вооружените сили.
На видеото се прикажани кутии полни со пари во неговата канцеларија и купови долари во неговата луксузна резиденција, заедно со, како што се вели, неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за медицински третмани.
Треба да знаете
Последни објави