Search

Две ракети истрелани од Либан кон Израел

 Две ракети се истрелани денеска од јужен Либан кон Израел, од кои едната падна на либанска територија, а другата во близина на спорна област на границата, јавија светските агенции, повикувајќи се на три либански безбедносни извори.

Израелската војска, како што посочуваат, се уште не ја потврдила информацијата, ниту пак израелските медиуми објавиле извештаи за истрелани ракети, иако тие обично ја прекинуваат својата програма за известување за такви инциденти.

Никој не ја презеде одговорноста за наводниот ракетен истрел, а наводите не ги коментираа ниту либанската армија, ниту мировните сили на Обединетите нации во јужен Либан (УНИФИЛ).

Инцидентот се случи откако Израел ја заврши една од најголемите воени операции во последниве години на окупираниот Западен Брег, во палестинскиот бегалски камп Џенин.

Треба да знаете
Последни објави