Search

Адетокумбо го оперираше коленото, неизвесен за Светското првенство

 Ѕвездата на Милвоки и на грчката кошаркарска репрезентација Јанис Адетокумбо го оперираше левото колено, објави денеска НБА лигашот, со што е доведен во прашање неговиот настап на Светското првенство, што  почнува на крајот на август.

– Имаше рутинска операција на левото колено и мина добро, изјави неговиот НБА тренер Адријан Грифин, додавајќи оти се надева дека Адетокумбо ќе биде подготвен за тренинг кампот на Милвоки, закажан за септември.

Светското кошаркарско првенство ќе се одржи од 25 август до 10 септември, а домаќини ќе бидат Јапонија, Филипини и Индонезија.

Грција е во групата Ц заедно со Нов Зеланд, Јордан и САД.

На последното Европско првенство Адетокумбо беше најдобар стрелец на турнирот со просек од 29.3 поени по натпревар се о елиминацијата на Грција во осминафиналето од Чешка. 

Треба да знаете
Последни објави