Search

Фидан и Блинкен разговарале за проширувањето на НАТО и црноморскиот коридор за жито

 Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараа за проширувањето на НАТО и за Договорот за жито преку Црно Море, јави агенцијата Анадолија.

Информацијата ја потврдиле турски дипломатски извори кои сакаа да останат анонимни.

Двајцата највисоки дипломати се осврнаа и на соработката во борбата против заканата од синтетички дроги и претстојниот меѓународен состанок за ова прашање, на кој САД ќе бидат домаќин на 7 јули, истакнаа изворите.

Треба да знаете
Последни објави