Search

На факултетите на УКИМ слободни 10.473 места за нови студенти

За запишување студенти во прва година во академската 2023/2024 година на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има вкупно 10 473 слободни места.

Според Конкурсот на УКИМ, 5074 места се наменети за редовни студенти  во државна квота т.е. кои се финансираат од буџетот, 4439 места се за редовни кои плаќаат школарина и 960 слободни места има за вонредни студенти.

Како и во минатите години, надоместот за студии во државна квота е 200 евра и 400 евра за студентите што ќе се запишат со кофинансирање на студиите и за вонредните студенти.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е 30 и 31 август, вториот рок е 18 и 19 септември и третото пријавување, на  факултетите на кои ќе има слободни места, е 28 септември.

Во  Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ (www.ukim.edu.mk) се наведени условите и критериумите за запишување, документите што се потребни за пријавувањe,  како и пресметка на поените од успехот постигнат на државната матура. 

Треба да знаете
Последни објави