Search

Министерот Алиу во посета на државниот Дата центар на Србија

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу со српскиот министер за информации и телекомуникации, Михаило Јовановиќ денеска во Крагуевац го посети државниот Дата центар на Србија, каде се запозна со неговото функционирање, за кој постои интерес да се направи и во Северна Македонија, јави дописиникот на МИА од Белград.

Дражавниот Дата ценатар во Крагуевац е изграден во 2019 година и има два објекта на вкупно околу 14.000м2 со очекувана инсталирана моќност во полн капацитет од 14MW. Објектот 1 е наменет за чување на податоци на државната администрација, локалната самоуправа, како и за комерцијалните корисници, додека во вториот објект се сместени опремата и податоците на МВР, Министерството за одбрана и Армијата на Србија, како и Агенцијата за безбедност и информирање (БИА).

Овој центар, се смета, дека и донесе непроценлив кредибилитет на Србија на кој би и позавиделе многу економски развиени земји, бидејќи денес во Крагуевац светските гиганти како IBM, Huawei и Oracle ги чуваат своите податоци.

Министерот Алиу во рамки на вториот ден од посетата на Србија, беше запознат со сите детали на функционирање и начинот на работа на Дата центарот.

-По посетата на државниот Дата центар на Србија и неговата инфраструктура, знаејќи дека и ние сме во тек на креирање на националниот Дата центар во нашата држава, разговарав и ги информирав колегите за ова, како и за Агенцијата за дигитална трансформација во нашата држава, која што ќе има четири столба-инфраструктура, сајбер безбедност, академија и софтерски решенија. Колегите од Србија беа исто така отворени за разговори за зеднички да можеме да аплицираме за дигитални проекти финансирани од ЕУ, така да можеме во иднина двете земји уште подобро и повеќе да соработуваат, изјави министерот Алиу.

Треба да знаете
Последни објави