Search

Мелони: НАТО треба да и понуди на Украина „реални гаранции за нејзината безбедност“

НАТО на лидерскиот состанок идната недела треба да и предложи на Украина „реални гаранции за нејзината безбедност“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

На заедничката прес-конференција во Варшава со нејзиниот полски колега Матеуш Моравјецки, Мелони додаде дека меѓу Рим и Варшава „постои целосна согласност по тоа прашање“.

Следната недела на 11 и 12 јули во Вилнус ќе се одржи самит на лидерите на НАТО.

Моравјецки, од своја страна, рече дека Полска и Италија го делат истото мислење дека Украина треба да ги добие најсилните гаранции за нејзината безбедност.

Претходно денеска Моравјецки и Мелони разговараа на средба во Варшава. 

Треба да знаете
Последни објави