Search

Небиу: Наскоро ќе почне продажба на конфискуваниот имот од Мијалков

Во периодот од 14 (четиринаесет) годишно постоење на Агенцијата,  за прв пат во Агенцијата за управување со одземен имот, со новото раководство на оваа институција, направени се драстични промени, особено во управувањето со магацините Идризово, Тетово, Миладиновци и Гевгелија.     
1.     Во поглед на Зајакнување на КАДРОВСКИ КАПАЦИТЕТИ, ги имам преземено следните активности:
 Вработените во Агенцијата со години се чувствуваа деградирани, со моето доаѓање на чело на оваа институција им овозможив унапредување според меритократијата, како и ангажирав нов кадар неопходен за извршување на работата.
Се обврзав и да ја применувам двојазичноста во сите документи на Агенцијата, но за жал наидов на недостиг од кадар, имено немаме преведувач на македонски-албански јазик. Континуирано баравме од Министерството за финансии одобрување средства за вработување на преведувач, се со цел да се почитува принципот на двојазичност во институцијата.
 2.     Во поглед на преземените активности во врска со предметите за извршување на судските пресуди, преземени се следните активности:
За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација, веднаш преземав иницијативи со дадена поддршка и соработка од Министерот за правда г-дин  Кренар Лога и преземавме активности за нивно обелоденување и што поскоро нивно извршување. 
Имено, станува збор за:
1.     Случајот “Империја”  во врска со имотот на Сашо Мијалков
2.     Случајот „Труст“ или познат меѓу народот како Трансмет
3.     Случај ,, Бачило” или познат како Иснифарис Џемаили
 Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата.

3.Во делот на зајакнување на правната рамка на Агенцијата:
Беше изработен  Предлог Нов Закон,  со кој се изнајдени квалитетни решенија во извршувањето на неспроведливите конфискации и менаџирање со одземениот имот. 
Во поглед на Законот, иницирав неколку состаноци на највисико ниво со цел за нивно запознавање и давање на дополнителен напор за поскоро донесување на Предлог-законот со што би се отворил патот за унапредување на практиката на Агенцијата, а со самото тоа и би се зголемила и подобрила ефикасноста, но и напорите на органите на прогонот во Република Северна Македонија за борба против криминалот и корупцијата
Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која  има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на не доволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашања поврзани со проценката, продажбата на имотот, терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот, воведување Регистар, можност за решавање за на долгогодишните проблеми за одземените хаварисани возила сместени ширум државата, a воедно предвидено е Агенцијата да  задржува одреден процент од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот од страна на Агенцијата за нормално функцонирање и менаџмент. 
Како органи на Агенцијата, јас како директор и членовите на Управниот одбор,  одржавме вкупно 9 (девет) седници:  Потпишан е Протокол за соработка со Царинската Управа со кој е уредена взаемната постапка со одземени предмети во прекршочна, кривична и управна постапка.
Во постапка е потпишување на Протокол за соработка со Народна Банка, со што ќе се регулираат постапките за постапување и чување на одземените благородни метали, злато и парични средства.
 4.По однос на ОПЕРАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ преземени се исто така многубројни чекори. 
Со спроведената  продажба на хаварисаните возила наменети  за старо железо, направивме нов, многу значаен чекор и тоа:
–         во самиот момент на нивното преземање, возилата беа на лице место пресувани.  На овој начин воведовме регулирање на долгогодишните сомнежи  за  злоупотреба на старите автомобили.
–         Потпишан е Протокол за соработка со Народна банка дека вредните предмети како што е златото треба да се депонираат во Народна Банка за да не се злоупотребуваат и да не ја загубат вредноста, потпишавме и меморандум за парите што се одземени од различни институции да се депонираат во Народна Банка на тековната сметка на Агенцијата и по завршување на предметот тие средства ќе се префрлат во буџетот на Министерството за Финансии.
–         Во тек се измени на подзаконските акти 
Од страна на Државниот пазарен инспекторат ,Финансиската полиција и Министерство за внатрешни работи беше спроведена акција на која беа запленети поголема количина на овошје и зеленчук. 

Имајќи во предвид дека станува збор за лесно расиплива стока, за што е потребен итен менаџмент, одлучивме запленетите овошја и зеленчуци да бидат донирани во институции каде што е најпотребно низ државата. Запленетата стока истиот ден беше донирана на: 
-ИП „11 Октомври“ – Скопје, 
-Државно рехабилитациско училиште за деца и млади лица со пречки во видот „Димитар Влахов“ Скопје 
-Универзитетска клиника за физиотерапија и медицинска рехабилитација на ИСХП – Скопје, 
-Здружение за слепи лица – Куманово, 
-ЈЗУ Специјална болница за гинекологија „Мајка Тереза“, 
-ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, 
-Завод за белодробни заболувања кај деца Козле,
 -ИП Институт за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и 
-КПУ Идризово.
 Со цел ослободување на просторните капацитети, одржавме средби со директорите на царинските складови на кои решивме да ја превземаме запленетата стока која со години се наоѓала во нивните магацини. По 5 дена започна акцијата за превзмемање на стоката од сите царински складови и истата беше сместена во магацините на Агенцијата.
По превземањето на стоката од царинските пунктови следеше почетокот на донациите. 
Првично беше организирана донација на училишен прибор и облека во петте основни училишта во Општина Арачиново, две основни училишта во Арачиново, село Мојанце, Грушин и Орланци, како и во основните училишта во Брест, Малино и Танушeвци. Оваа донација опфати комплети за 2050 ученици со училишна опрема и облека, оваа донација беше во вредност од 4.596.100 денари.
Беше направена донација и на 16 други институции:
– ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија – Скопје
– ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје, 
– НУ Ансамбл на албански народни игри и песни на РСМ-Скопје
– НУ Театар Гостивар – Гостивар 
– ОУДГ „Снежана“ – Општина Чаир 
– ООУ-Имри Елези-Општина Чаир 
– ООУ „Хасан Приштина“ -Општина Чаир
– ООУ Блаже Конески-Скудријне-Општина Маврово Ростуше 
– ООУ ИБЕ ПАЛИКУКА-с.Бојане-Општина Сарај 
– ООУ 11 Октомври-Боговиње 
– ООУ 7 Марси – Градоначалник – Јашар бег
– ООУ Скопје – општина Чаир
– ОСМУ – Д-р ЈОВАН КАЛАУЗИ- Општина Битола
– ООУ ДИТУРИЈА – Сарај – Општина Сарај,
– Меѓуопштински центар за социјални прашања – Гевгелија, 
– ЈЗУ Психијатриска болница Негорци
Оваа донација е вредна 2.881.212 денари.
 Во рамки на моделот за социјалната реупотреба односно донација за општествени цели, во периодот од 3 месеци спроведено е бесплатно отстапување на вкупно 45 автомобили, и тоа на следните институции:  Министерство за Правда, Министерство за Здравство, Министерство за Информатичко Општество и Администрација, Затвор Идризово, Општина Гостивар, Управа за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи, Национални шуми-Скопје, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, АД Пошта на С.Македонија, Општина Крушево и многу други институции.
 Горенаведените активности и остварени резултати се  постигнати за период од само 3 месеци, а се со цел во служба на институциите и граѓаните.
Во наредниот период, јас како директор на Агенцијата за управување со одземен имот ќе се вложувам максимално за подобрување на условите за работа во Агенцијата за нејзина дигитализација со што би дошло за подобро функционирање и полесно менаџирање. Ќе работам и на други проекти за донација на предмети, опрема и стоки одземени од институциите во државата, се со цел сите тие да имаат корист како општеството така и јавните институции. Во рок од еден месец ќе следува и друга донација која ќе биде дистрибуирана во Општина Струга, Гостивар, Долнени, Шуто Оризари, Чашка.
Нема да застанам тука, ќе продолжам да давам донации во секоја општина на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави